Search

Двете девојчиња оделе кон Олимписки базен, објавена е снимка од надзорна камера

Нова снимка од безбедносна камера покажува дека двете девојчиња од струмичко, кои денеска исчезнаа додека беа на екскурзија во главниот град, оделе кон Олимпискиот базен, преку уличка на стотина метри од трговскиот центар „Веро Џамбо“.

Снимката на Фејсбук ја објави „Струмица денес“, со уште еден повик до сите кои би можеле да знаат каде се упатиле девојчињата на возраст од 12 и 14 години, да се јават и да ги споделат информациите.

Двата телефона на девојчињата од струмичко Босилово се исклучени. Тие се дојдени во Скопје на екскурзија и, како и другите деца, требало да прошетаат и да дојдат во договорено време каде што биле паркирани автобусите, за да тргнат кон дома. Но, и по подолго чекање, тие не се вратиле, а наставниците ја известиле полицијата.

На фотографија, извадена од снимките од надзорните камери во трговскиот центар „Веро Џамбо“, се гледа дека околу 15 часот и 50 минути девојчињата се упатиле кон строгиот центар на градот, односно кон кејот на Вардар и плоштадот „Македонија“.

Треба да знаете
Последни објави