Избегнат тежок инцидент над Црно Море: Руски Су-35 три пати премногу блиску му се приближил на полски авион

Руски ловец Сухој Су-35 пресретнал полски авион во мисија на Фронтекс над Црното Море, поради што пилотите привремено „изгубиле контрола“ над леталото, соопштија денеска властите во Варшава.

Портпаролот на полската влада изјави дека станува збор за „планирана провокација од Русија“.

Рускиот авион изведе „агресивни и опасни маневри, трипати приближувајќи се кон полскиот авион“ на небезбедна оддалеченост од околу пет метри.

По инцидентот, кој се случи во петокот, полскиот авион безбедно слета во Романија.

Треба да знаете
Последни објави