Search

Запалено паркирано возило во Скопје, пожарот се проширил на друго

Рано утрово во 01.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Е.(34) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Н.(48) од Скопје, кое било паркирано до возилото „опел“.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полицијата извршила увид.

Треба да знаете
Последни објави