(Видео) Нервозниот Винисус избегна ќотек од резервите на Осасуна

Нема сомнеж дека Винисиус Јуниор е одличен, врвен фудбалер, но се уште не е комплетен. Прелесно подлегнува на притисоците и провокациите, а тоа уште еднаш го потврди во финалето на Кралскиот куп со Осасуна.

Бразилецот во првото полувреме со продори по левата страна го полуде својот чувар Нокајола, со кој се судри на полувремето. Тој се степа со Рубен Пена поради лактот кој му го даде на еден дуел, а се пресмета и со капитенот на ривалскиот тим Давид Гарсија. Винисиус побара пенал по еден лесен дуел, а Гарсија по тоа „татковски“ го погали по косата, што на Бразилецот воопшто не му се допадна и реагираше бурно.

Се што вриеше на теренот во првиот дел од финалето зовре во ходниците на Ла Картуха, стадионот во Севиља каде се играше големото финале. Резервните играчи на Осасуна го опколија Винисиус, на кој не му се допадна коментарот на противникот и почна да се кара, но како миротворец се појави играчот на Реал, Лукас Васкез.

Напаѓачот на Осасуна, Чими Авила, исто така почувствува потреба да му каже нешто на Винисиус, но Васкез и него го смири.

Гужвата набрзо се смири, а за тоа придонесе и појавувањето на судијата Санчез Мартинез, бидејќи самите играчи сфатија дека не им треба жолт или црвен картон на полувремето од финалето на Купот…

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти пред почетокот на вториот дел му даде неколку совети на Винисиус, обидувајќи се да го смири и да го фокусира на играта, додека Авила го коментираше конфликтот со Бразилецот по натпреварот.

-Тој има многу да понуди, го сакам како играч. Неговиот тренер или соиграчите ќе го поправаат. Бев многу лут поради тоа што го кажа Винисиус, а право ми го дадоа Начо и Лукас Васкез – изјави Авила, која посебно ги пофали многубројните навивачи на Осасуна.

Треба да знаете
Последни објави