Search

Сабаленка првпат на земјена подлога ја совлада Ига Сфјонтек и го покори Мадрид

По трет пат во последните четири децении, броевите 1 и 2 на ВТА листата се судрија двапати во иста сезона на земјена подлога.

По триумфот на Ига Сфјонтек во финалето во Штутгарт, Арина Сабаленко се реваншираше на многу поважниот турнир, серијата 1000 во Мадрид, бидејќи победи со 6:3, 3:6, 6:3.

Во многу израмнет меч, во кој и двајцата тенисерки враќаа брејкови, 25-годишната Белорусинка најдоброто го чуваше за крај.

Таа во 3. сет водеше со 3:0, дозволи светскиот број еден да израмни на 3:3, но направи нов брејк за 5:3, спаси една брејк шанса, а потоа ја искористи и четвртата меч топка.

Со ова таа заработи нови 990 поени, бидејќи лани беше елиминирана во 1. коло, но и 1.105.265 евра.

Сфјонтек е побогата за 580.000 евра, но загуби 350 поени бидејќи не ја одбрани титулата, па на ВТА листата во понеделник ќе има само 744 поени повеќе од шампионката на Австралија опен.

Сабаленка на земјена подлога првпат ја совлада Полјаката од четвртиот обид намалувајќи го резултатот во натпреварите на 5:3.

Треба да знаете
Последни објави