Search

Во САД почна продажбата на паметни пиштоли- препознаваат лица и отпечатоци од прсти

Biofire Tech од Колорадо прима нарачки за паметен пиштол овозможен со технологија за препознавање лице.

Во тек е развојот на персонализирано оружје што може да го користат само проверени корисници или сопственици на оружје, пренесува Ројтерс.

Функционирањето односно истрелувањето на пиштолот на Biofire е овозможено со читач на отпечатоци, една од неколкуте функции на паметните пиштоли дизајнирани да се избегнуваат случајни пукања од деца, да сенамалат самоубиствата, да ја заштитат полицијата од кражба со пиштол или да го направат изгубеното и украденото оружје бескорисно.

Прототипот на пиштолот, наведуваат тие, не успеал двапати да испука за време на тестот до кој Ројтерс имал пристап.

Основачот и извршен директор на компанијата Каи Клопфер рече дека софтверот и електрониката се целосно тестирани и дека дефектот е поврзан со механичката пушка, која е направена од делови од претпродукција и прототип.

Во други моменти за време на демонстрацијата, оружјето пукаше успешно и се чинеше дека технологијата за препознавање лице работи.

Првите верзии на пиштолот со калибар од 9 мм подготвени за потрошувачи би можеле да се испорачаат на клиентите однапред веќе во четвртиот квартал од оваа година, а стандардниот модел од 1.499 долари би можел да биде достапен до вториот квартал на 2024 година, соопшти Biofire.

На демонстрациите во седиштето на Biofire во Брумфилд, Колорадо, Клопфер првично испукал куршум без проблем и го спуштил пиштолот. Потоа, друг маж, неовластен корисник, се обидел да пука, но не успеал бидејќи пиштолот не му го препознал лицето или отпечатокот од прст, како што барала безбедносната функција.

Клопфер потоа го зел пиштолот пак да пука. Во тој момент, пиштолот неочекувано кликнал двапати, иако испукал во последователните повлекувања на чкрапалото. Потоа беше донесен уште еден прототип и тоа оружје функционираше според планираното.

Треба да знаете
Последни објави