Search

Фенербахче не дозволи втор пораз од Олимпијакос во Истанбул, ќе има „мајсторка“

Најдобриот тим од основната сезона во кошаркарската Евролига, Олимпијакос, ќе мора да игра петти натпревар во четвртфиналната серија со Фенербахче за да го продолжи патот кон титулата.

Турскиот тим вечерва славеше со 73-69 на свој терен и го изедначи резултатот на 2-2 во победи. За разлика од пред два дена, кога Фенер водеше и со 11 разлика, па го испушти мечот од раце на крај, овој пат беше изедначено во сите 40 минути.

Ниту еден од тимовите не поведе двоцифрен, а Олимпијакос чуваше предност цела трета четвртина, иако највисоко со плус пет. Турците направија серија од 8-1 во критичен период од последниот период и тоа се покажа доволно да ја заслужат победата.

Канадското крило Дајшон Пјер предводеше со 17 поени, 16 постигна Американецот Тајлер Дорси, додека кај Олимпијакос прво име беше Шекил Меккисик со 20 коша. Петтиот меч, кој ќе пресуди за патникот на Ф4-турнирот во Каунас се игра на 9 мај во Грција.
Досега само Барселона е пласирана со чисти 3-0 против домаќинот на завршниот турнир, Жалгирис. Сите три останати серии се на резултат 2-2: Реал (3) – Партизан (6), Олимпијакос (1) – Фенербахче (8, )Монако (4) – Макаби (5).
Победникот од овој дуел ќе оди на Монако или на Макаби во полуфиналето.

Треба да знаете
Последни објави