Search

Продадени 90 отсто од акциите на ФК Академија Пандев

Вчера на Македонската берза биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, македонскиот фудбалски прволигаш во сопственост на поранешниот капитен, Горан Пандев за околу 37 милиони денари, објавува „Фактор.мк“.

За сума од 603 илјади евра се продадени 90 отсто од акциите на фудбалскиот клуб, и засега нема официјална информација кој ги откупи акциите, иако претходно во февруари, компанијата „Брера“ објави дека ја презема контролата на клубот од Струмица.

Пандев, пак, самиот објави соработка со клуб Брера во нов проект за доброто на македонскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави