Search

Дончиќ ќе ги плати трошоците за погребите на убиените ученици во масакрот во Белград

Словенечкиот кошаркарски интернационалец во најсилната лига на светот НБА, Лука Дончиќ не остана имун на веста дека во Белград се лучи нртагедија во која ученик-убиец на 13-годишна возраст им ги одзеде животите на осум свои соученици и чуварот во школот „Владислав Рибникар“, а притоа рани уште сетмина и една наставничка. Од грозоморниот чин во Белград е згрозен светот. Пораки со сочуство до фамилиите на настраднаите и Србија како земја пристигнуваат од сите старни.

Како што пренесува ESPN, најдобриот играч на Далас, Дончиќ кој има српско потекло, својата хуманост во овие тешки моменти одлучил да ја покаже на дело со тоа што ќе ги плати погребите и сите трошоци за настраданите.

– Срцето ми е скршено. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со целиот српски народ. Ќе се обидам на секој можен начин да им помогнам на луѓето во Белград – изјавил словенечката кошаркарска ѕвезда.

-Дончиќ се обврза да ги плати сите трошоци за погребни услуги и психолошки советување за учениците и вработените во училиштето , изјави за „ESPN“ портпаролот на Фондацијата Лука Дончиќ.

Инаку Дончиќ има длабоки семејни врски со Белград, вклучувајќи баба, тетка, вујко кои живеат во Србија. Неговиот татко Саша е Србин.

Треба да знаете
Последни објави