Search

(Видео) Скандал во Анкара со физичка пресметка меѓу украински и руски делегат на собирот на црноморските нации

Украински претставник на генерално собрание на Организацијата за црноморска економска соработка, во четвртокот предизвика инцидент во турската престолнина Анкара, кога со тупаница в лице го нападна рускиот учесник на овој собир, пренесува „Ал џезира.“

Инцидентот се случил во ходникот на зградата на парламентот, каде што во четвртокот се одржуваше 61. генерално собрание на Организацијата за црноморска економска соработка, на кое присуствуваа делегации од 13 земји.

Украинскиот делегат Олександр Мариковски го удрил со тупаница в лице рускиот делегат, кој му го одзел украинското знаме што тој се обидувал да го вметне во кадарот во текот на видеообраќањето на највисоката руска делегатка во Анкара.

Тензиите меѓу Русите и Украинците се зголемени на самитот поради војната во Украина предизвикана од Русија, која се прошири на големите градови, како Киев, Керсон, Одеса и Бахмут.

Мариковски објави видео од инцидентот на својот профил на „Фејсбук“ проследено со текстот: „Понастрана шепите од нашето знаме, понастрана шепите од Украина, руска гнасо!“

Слична физичка пресметка се случи и за време на самитот кога Ола Тимофеева, пратеник во руската државна Дума од партијата Единствена Русија, се обидувала да му се обрати на собранието, пренесува „Анадолија“.

Пресметката почна меѓу руските претставници и украинските делегати откога делегатите на Киев се обидоа да развијат знамиња зад нејзиниот грб, но неколку украински делегати се обиделе да се пресметаат и со обезбедувањето на настанот, кое се обидело да ги оддалечи додека протестирале викајќи и мавтајќи ги нивните знамиња зад Тимофеева.

Во меѓувреме, украинската новинска агенција „Правда“ објави дека Тимофеева на својот ревер ја имала прикачено лентата на свети Ѓорѓи, симбол на руската агресија.

Фотографии од тој инцидент беа објавени на веб-страницата на турскиот парламент, а Мустафа Шентоп, претседателот на турското национално собрание, жестоко го осуди инцидентот.

„Го осудувам ваквото однесување, кое ја нарушува мирната атмосфера што Турција се обидува да ја воспостави“, рече Шентоп.

Треба да знаете
Последни објави