Search

„Берлинер цајтунг“ под истрага за оддавање тајни откако ги објави плановите за посета на Зеленски

Германските власти во четвртокот отворија истрага за оддавање тајни откако германски весник објави доверливи информации за можна посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на германската престолнина во средината на мај, цитирајќи анонимен извор од берлинската полиција, пренесува ДПА. Полицијата не го именуваше медиумот во кој е цитиран неименуваниот полициски службеник, но Франс прес го идентификуваше како „Берлинер цајтунг.“

Началникот на берлинската полиција Барбара Словик го осуди анонимниот службеник што „на толку срамен начин го нарушил угледот на берлинската полиција“, дома и на меѓународно ниво и ја загрозил државната посета на Зеленски.

„Фактот дека на насловите на весниците им се дава поголем приоритет од веродостојноста на берлинската полиција и од довербата што ни се дава не може да се толерира во никој случај“, истакна Словик, додавајќи дека побарала од државната полиција да го истражи случајот како „оддавање службени тајни“.

Берлинската полиција истакна во официјално соопштение дека никогаш никому официјално не доставила каква било информација што ја загрозува државната посета, објаснувајќи дека нивната прес-служба „само ја потврдила претстојната операција како реакција на објавение информации во медиумите.“

„Берлинер цајтунг“ во средата објави дека полицијата се подготвува за посета на Зеленски во средината на мај, обелоденувајќи доверливи детали од безбедносната операција што се планирала за заштита на украинскиот лидер.

Зеленски во тоа време беше во Хелсинки, а вчера повторно се појави во Холандија како дел од својата европска турнеја за поддршка во конфликтот против Русија.

Според информациите во германските медиуми, властите во Киев биле бесни поради објавената агенда, нарекувајќи го објавувањето неодговорно и предупредувајќи дека тоа „ја доведува во прашање можната посета на украинскиот претседател“.

Патувањата на Зеленски во странство обично се чуваат во тајност до последен момент од безбедносни причини. Ниту германската влада ниту украинската амбасада во Берлин не ги коментираа извештаите за планираната посета на Берлин.

Веќе затегнатото обезбедување на украинскиот премиер е зголемено по украинскиот напад со беспилотни летала врз Кремљ во средата наутро, по што Москва се закани со одмазда.

Треба да знаете
Последни објави