Search

По ОН и САД ги суспендираа испораките на храна во регионот Тиграј во Етиопија поради злоупотреба на залихите

Соединетите Американски Држави соопштија дека го прекинуваат „до понатамошно известување“ испраќањето храна како хуманитарна помош во регионот Тиграј во северна Етиопија поради проневера на таа помош.

Тиграј е опустошен од катастрофална суша и воени конфликти.

„Донесовме тешка одлука да ја запреме сета помош во храна за регионот Тиграј до понатамошно известување“, наведе во соопштението администраторката на УСАИД, Саманта Пауер.

Според неа, тоа е направено затоа што дел од оваа помош е „пренасочена и продадена на локалниот пазар“.

Претходно, ваквата помош беше суспендирана од Светската програма за храна на Обединетите нации поради истата причина.

Треба да знаете
Последни објави