Search

Мирјана Најчевска лажно се претставувала како културно аташе во Прага, сопругот Тодоровски повлечен од амбасадор

На амбасадорот на Македонија во Прага, Сашко Тодоровски, му е скратен мандатот и тој е вратен во Македонија.

Ова го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите, наведувајќи ги слабостите во работата како причина за оваа одлука.

-Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од страна на МНР, и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци, рече Османи.

Сашко Тодорвски беше вратен и од Стразбур, додека беше шеф на мисијата во Советот на Европа, а тој потег беше дочекан како обид на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ да ги замолчи критиките. Инаку, негова сопруга е Мирјана Најчевска, екс претседателка на Хелшинскиот комитет, која е чест и остар критичар на власта, и на оваа, и на претходните. Тодоровски пак беше претседател на синдикатот на МНР пред да се поделат на два, по партиска линија и важеше за наклонет на СДСМ.На функцијата во Прага беше од март 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави