Солзи и тага низ улиците на Белград, се палат свеќи за прерано згаснатите животи!

На улиците низ Белград може да се забележат тага и солзи, а на местото се палат свеќи и се оставаат цвеќиња за прерано згаснатите животи.

Цела Србија денеска ја потресе веста за невидена трагедија што се случи во ОУ „Владимир Рибникар“ кога момче (14) влегло со оружје и ги застрелало учениците, чуварот и учителката.

Во престрелката загинаа осум ученици и еден работник од училишното обезбедување, а повредени се шест деца и еден учител.

Треба да знаете
Последни објави