Законските измени за повеќе работни часови не се само за автопатиштата, велат од ССМ

Измените во законот за работни односи, што моментално е во собраниска процедура, би можело да значи дополнителни работни часови и за работници што не се вклучени во проектот за автопатите, оценува во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на „Алсат“ Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Измените и дополнувањата на законот за работни односи, како што е наведено таму, се однесуваат само за дејности од национален интерес. Меѓутоа, владата ништо не ја спречува сѐ да прогласи дека е национален интерес…во принцип законот значи дека нема горна граница за прекувремена работа. Сакаат да го тргнат и недела како неработен ден. Тоа значи дека работниците ќе работат 7 дена во неделата, по 12 часа дневно и ќе бидат изложени на тешки физички работи“, рече Трендафилов.

Треба да знаете
Последни објави