ЦП на Алтернатива го овласти Гаши да отпочне разговори за потенцијални соработки во рамки на албанската опозиција

Денеска имаше состанок Централното претседателство на АлтернАтивА, се наведува во партиското соопштение. 

Освен дискусиите за актуелната политичка состојба во нашата држава, како што се уставните измени, уставниот амандман предложен од АлтернАтивА за борба против корупцијата, како и евроинтегративниот пат, во фокусот на овој состанок беше и темата за евентуалната соработка на опозицијата.

Во оваа прилика Централното претседателство, го овласти претседателот Африм Гаши да разговара за било каква евентуална соработка, било тоа да е во рамки на парламентот или друга за коалициона соработка. За едно нешто сме сигурини.

Граѓаните бараат и очекуваат промена и ние сме обврзани да одговориме пред нивните барања. Пред нас се неколку предизвици, а АлтернАтивА уште вечерва покажува целосна подготвеност за соработка во интерес на граѓаните. За сите детали ќе бидете информирани во иднина.

Треба да знаете
Последни објави