Search

Сите медиумски црнила на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска „Репортери без граници“ го објави својот Глобален индекс на слобода на медиумите, каде Македонија бележи напредок од 19 места и е рангирана на 38та позиција што е најдобар резултат во регионот.

Пред само неколку години, Македонија постојано назадуваше на ранг листите на реномираните меѓународни организации, а често пати беше и на самото дно во Европа, заедно држави како Азербејџан, Белорусија, Молдавија и Русија.

За тогашното такво рангирање многу придонесе и односот на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и кон новинарите и кон медиумите.

Додека одредени медиуми беа фаворизирани и плаќани со милиони суми на евра од Буџетот, оние медиуми и новинари кои критички известуваа за власта често пати беа под жесток прогон.

Упад во А1 – На 25 ноември 2010 година огромен број на полициски службеници упаднаа во А1 телевизија наводно да асистираат на инспекторите на УЈП кои вршеле контроли за како што тогаш велеа фирми кои биле на иста адреса со телевизијата. Тогаш на новинарите, снимателите и вработените во телевизијата не им беше дозволен слободен пристап до и од своите работни места.
Епилогот од неколкумесечната акција „Пајажина“ против А1 Телевизија беше затворање и одземање на лиценцата на телевизијата, додека сопственикот Велија Рамковски како и неколку лица од менаџментот.

Црниот понеделник – На 24 декември 2012 година, собраниското обезбедување и припадници на полицијата по налог на тогашните министри Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, насилно ги исфрлија новинарите од галеријата на пленарната сала, по што започна насилното истерување на пратениците од опозицијата кои со филибастеринг се обидуваа да го спречат носењето на буџетот за 2013 година.

Загинувањето на Никола Младенов – На 30 март 2013 година во сообраќајна несреќа загинува основачот и уредник на неделникот Фокус, Никола Младенов. Смртната несреќа го потресе македонското општество особено што сообраќајната незгода се случила под неразјаснети околности. СДСМ во кампањата „Вистината за Македонија“ објави аудио снимки поврзани со овој случај.

Апсењето на Кежароски – Во мај 2013 од својот дом беше уапсен новинарот Томислав Кежароски кои беше осуден дека наводно неовластено оддал информации и податоци за заштитени сведоци. Во тоа време Кежароски беше единствениот новинар во Западен Балкан кој беше во затвор заради објавен текст.

Венци и јавно плукање и омаловажување новинари – на залезот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, пролетта 2017 година, млади активисти на ВМРО-ДПМНЕ напаѓаа и снимаа со телефони напади врз критички новинари, јавно во ресторан беше плукнат новинарот Борјан Јовановски, додека вознемируван во својот дом беше новинарот Бранко Тричковски. Две години претходно, на новинарот Јовановски на домашна адреса му беше доставен погребен венец.

Треба да знаете
Последни објави