Search

Пендаровски нема да потпише закон за 60-часовна работна недела

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски денеска уште еднаш се изјасни дека нема да ги потпише измените на Законот за работни односи за 60 часовна работна недела кој треба да биде за потребите на компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д.

Пендаровски потсети дека за ова прашање Уставниот суд уште лани донесе решение и дека тој таа одлука ќе ја почитува.

„ Уставниот суд оваа одредба лани ја прогласи за неуставна во еден друг закон. Не можеме да ги повторуваме грешките. И да го потпишам, а нема да го потпишам, ако е таква одредбата, јасно е дека Уставниот суд, следејќи ја својата претходна одлука, повторно ќе ја прогласи за неуставна“, изјави Пендаровски.

Што се однесува до другите законски измени кои се бараат како дел од обврските кои државата ги презеде по потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум, Пендаровски рече дека ќе причека за да ги види решенијата во изворна форма, да ја слушне парламентарната расправа, а потоа и ќе се произнесе за секој од осумте закони.

Шефот на државата потврди дека не го видел договорот за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10д.

Треба да знаете
Последни објави