Маријана Рогожарска Поповска:Дали наменски доделени средства од Министерство за труд и социјална политика се користат за реализација на предизборна програма на Јорданов?

Поминаа повеќе од три месеци од денот на склучувањето на договорот за набавка на детски реквизити и вештачка трава од страна на детската градинка Астибо Штип. Целосна реализација на договорот вреден 2.593 601 денари, средства кои градинката ги има добиено како блок дотации од МТСП, требаше да биде завршена во рок од 3 месеци од склучувањето, а набавената опрема да биде поставена и монтирана во дел од клоновите.
Дел од реквизитите се поставени во клоновите додека дел од опремата се уште недостасува, а во градинките нема поставено ниту 1м2 од набавената вештачка трева. Ваквата состојба на терен отвара редица прашања и сомневања за тоа каде се наоѓа опремата.
Затоа јавно ја прашуваме директорката на детската градинка:
-Каде и колку од детските реквизити и вештачката трава се поставени?
– Дали се вистинити шпекулациите дека дел од опремата е изнесена од кругот на градинката и каде се наоѓа?
-Дали без одобрение на УО опремата е предадена во владение на друг?
-Дали можеби реквизитите и вештачката трева поставени во ЗОО паркот Бриони и оние на игралиштето во населбата Пребег се дел од набавените од страна на градинката?
Јавноста треба да знае дали наменски доделените средства од страна на министерството се искористени за подобрување на условите во градинките или пак истите се искористени за реализација на предизборната програма на Јорданов и ДПМНЕ.
Ги повикуваме надлежните институциите да ги преиспитаат ваквите основи за сомневање за можна злоупотреба на службената положба од страна на директорката.
Како одговорна партија која работи во интерес на граѓаните, податоците и информациите кои дојдоа до нас ќе ги доставиме на увид и на институциите и на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави