Ковачевски: Нема зборови кои ќе ја надоместат болката на оние кои изгубија свои блиски во Белград

Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски по трагедијата што утрово се случи во училиште во Белград кога ученик на возраст од 14 години застрела осум деца и лице од обезбедувањето.

„Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, изразувам најдлабоко и искрено сочувство за загубените животи“, напиша Ковачевски.

Нашите мисли, додава во премиерот, се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување.

Треба да знаете
Последни објави