Search

Гир: И покрај притисоците и заканите, новинарите ревносно и професионално си ја извршуваат работата

На Светскиот ден на слободата на медиумите, го славиме новинарството и неговата етична улога за зачувување на слободата на изразување за промоција на отворени општества и јавна одговорност. Постоењето на слободни и плуралистични медиуми е витално за демократијата и за севкупната отпорност на сите општества, порача евроамбасадорот Дејвид Гир на крводарителската акција по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија.

-Оваа година се одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права што ги постави темелите за послободен поправден и подобар свет и тука слободата на изразување е од суштинско значење и придонесува за исполнување на сите останати човекови права. Новинарската работа е честопати тешка, новинарите често се подложени на притисоци, закани и честопати говор на омраза особено во онлајн просторот. Тие се соочуваат со недостиг на отвореност кога собираат информации. Нивниот работнички права честопати не се почитуваат, а во денешниот свет тие се соочуваат со огромни дополнителни предизвици како резултат на ширење на дезинформации секојдневно во јавната сфера, нагласи Гир.

Тој оцени дека и покрај сето ова, многу новинари и медиумски работници во оваа земја и во светот продолжуваат ревносно да работат во согласност со професионалните стандарди, обезбедувајќи факти пред невистините и говорејќи ја вистината.

Работејќи го ова, порача Гир, тие обезбедуваат суштински сервис за јавноста, која пак креира сопствено мислење базирано на најдобрите достапни информации, секогаш будно ја следат власта и работата на институциите и новинарите се тие кои ги обелоденуваат неправилностите од секаков вид. 

-Европската Унија е долгорочен чувар и силен поддржувач на слободата на изразување и на слободата на медиумите. Внатре во ЕУ, Европската комисија неодамна иницираше дискусија како да се зајакне заштитата преку нов Акт за слобода на медиумите. Во рамките на ЕУ нашата поддршка вклучува употреба на политички дијалог и експертска помош за зајакнување на законодавството и институциите поврзани со работата на медиумите.

Потсети дека ЕУ дополнително обезбедува финансиска помош за медиумските организации и граѓанскиот сектор, зголемувајќи го новинарскиот капацитет, нивната заштита, награди за најдобрите новинарски дела, подобрување на социо-економскиот статус, како и борбата против дезинформациите.

-Со гордост се приклучив на денешната акција за дарување на крв што ја организираат нашите партнери, Самостојниот сидикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија, затоа што делиме исти цели. А крводарителството спасува животи, исто како што професионалното новинарство е крвта на демократијата и на отворените општества, заклучи евроамбасадорот.

Треба да знаете
Последни објави