Search

Атлетиката во шок- на 32 години почина светска шампионка на 100 метри и освојувач на олимписко злато

Атлетиката денеска е во жалост. Како што јави Би-Би-Си, на 32-годишна возраст почина американската спринтерка Тори Боуви, трикратна олимписка медалистка и светска шампионка на 100 метри.

Боуви освои олимписко злато во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, како и сребро во трката на 100 метри и бронза на 200 метри.

Следната година, таа стана светски шампион во трката на 100 метри, како и во штафетата 4h100, на шампионатот одржан во Лондон.

Информациите за тоа како оваа позната 32-годишна жена починала толку млада се уште не и се познати на јавноста.

-Срцето ми се кине за семејството на Тори Боуви. Таа беше голем конкурент и извор на светлина. Твојата енергија и насмевка секогаш ќе бидат со мене. Почивај во мир – порача на социјалните мрежи актуелната светска шампионка на 100 метри Шели-Ен Фрејзер-Прајс.

Треба да знаете
Последни објави