Лесни победи за Сити и Ливерпул, апсолутен рекорд за Халанд (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер сити се врати на лидерската позиција во Премиер лигата, откако вечерва, на домашен терен, со далеку подобра игра во второто полувреме го совладаа Вест Хем (3-0).

Отпорот на „чеканите“ траеше само во првите 45 минути во кои мрежите мируваа, по што Аке прв ја начна мрежата на гостите во 50. минута, за Ерлинг Халанд дваесетина минути подоцна да го удвои водството. Норвежанецот со овој погодок влезе во историјата на англиската елита, со оглед што за него ова беше 35. гол сезонава со што е апсолутен премиерлигашки рекорд во една сезона, надминувајќи ги Енди Кол и Алан Ширер, кои имаат по еден помалку. Точка на мечот стави Фоден на пет минути пред крајот.

Ливерпул со еден, ама вреден погодок го совлада Фулах (1-0) за петта победа по ред во најдоброто натпреварување во Англија. Стрелец на решавачкиот гол беше Мо Салах од пенал во првото полувреме.
Сити сега е лидер со 79 бодови, еден повеќе од Арсенал, кој има и натпревар повеќе. „Црвените“, пак, се петти со 59 бодови, четири помалку од Манчестер Јунајтед, од кого имаат и дури два меча повеќе.
Треба да знаете
Последни објави