Search

Спасовски од Теарце и Јегуновце: ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести води хајка против коридорите

СДСМ ги продолжува интензивните теренски активности и средбите со граѓаните ширум републиката.

Рамо до рамо со граѓаните на општина Теарце беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои порачаа дека СДСМ работи а опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат.

-Додека СДСМ работи ВМРО-ДПМНЕ и Левница блокираат. Опозицијата го блокираше Собранието среде криза, најавуваше рестрикции на струја и крах на енергетскиот систем. И покрај блокадите го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите кога беше најтешко. Ништо од најавеното од опозицијата не се случи. Реализиравме антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми во регионот и успешно се справивме со кризата. Сега повторно опозицијата гледаме дека шири нови лаги, овој пат за коридорите. Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес.  Од кружен тек, со изградбата на коридорите конечно да бидеме вистинска крстосница на Балканот, да се порземе и на релација исток-запад. Тоа е добро за развој на македонската економија, за бизнисот и за државата. Ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура. А ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на проруската Левица води хајка со лажни вести против коридорите и против американската компанија. Зарем треба да дозволиме хаос како со автопатот Охрид-Кичево? Не, потребни ни се модерни автопати напревени брзо и квалитетно, рече Шукова.

Рамо до рамо со граѓаните на општина Јегуновце денеска беа Мелиса Ценовска Серафимовска и Оливер Спасовски, членови на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

На маалска средба со граѓаните Спасовски порача дека со СДСМ граѓаните се чувствуваат безбедни и сигурни, не само заради политиките коишто значат сигурност на државата туку и заради постигнатиот резултат со намалување на стапките на криминалитет и зголемена безбедност во сообраќајот.

-Политиките на СДСМ за интеграција и членство во НАТО ја обезбедија безбедноста на државата и нејзините граници. Денеска гледаме колку е значајно членството во НАТО кога има војна на тлото на Европа. На внатрешен план исто така имаме резултати кои најдобро говорат за сработеното. Имаме вкупно намалување на целокупниот криминалитет во земјава и тој позитивен тренд продолжува и оваа година. Само за првите четири месеци оваа година имаме намалување на криминалитетот за над 12%. Статистиките за криминалитетот, сообраќајот и количините на запленета дрога се подобри од минатата година, а минатата година е една од најдобрите години во сите сегменти на безбедноста и борбата со криминалот од осамостојувањето до денес, рече Спасовски.

Спасовски пред присутните порача дека СДСМ е гарантот за стабилна и сигурна иднина на државата, гарант за економски раст и рамномерен регионален раст, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица прават се за да и наштетат на државата.

– Гледаме што се случува во општините каде што локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Таму не се реализира ништо, општините се задолжуваат, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за комунални услуги. Јасна и видлива е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Додека ние ги зголемуваме платите и пензиите, додека реализираме стратешки проекти, тие сакаат државата да ја вратат назад во изолација и подбели, но ние СДСМ, заедно со вас граѓаните тоа нема да им го дозволиме, порача Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави