Search

СДСМ:Само лажат против коридорите, ништо нема да промени ВМРО-ДПМНЕ, исто како и досега

Бидејќи им пропаднаа старите, ВМРО-ДПМНЕ постојано пласира нови лажни вести.

Издишува хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д.

Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

Исто како што лажеше за Европскиот предлог, исто како што лажеше за енергетскиот сектор и справувањето со економската криза, така денес ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и за коридорите 8 и 10Д.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да промени, но може да донесе штета и со своите блокади да го продолжува рокот за завршување на изградба на коридорите, повторно штета на граѓаните и на државата.

Треба да знаете
Последни објави