Search

Рамо до рамо во Тетово, Желино и Маврово Ростуше: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки, коридорите се национален интерес

СДСМ ги продолжува теренските активности „Рамо до рамо до победа”, со средби и разговори со граѓаните во Тетово, Желино и Маврово Ростуше.

За стратешкиот проект од национален интерес за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д, со граѓаните на општина Маврово Ростуше зборуваа Борис Тунџев и Пеце Мирчевски.

-Со најголемата инвестиција во последните 30 години, изградбата на коридорите 8 и 10Д ги поврзуваме градовите, ја поврзуваме нашата држава со околните држави, со Европа и светот со модерна патна инфраструктура. Да бидеме крстосница на Балканот значи геостратешка, политичка и економска придобивка за земјава. Зошто некоја опозицијата е против овој проект треба да каже ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека сакаат само да предизвикаат штета. Гледаме во Србија дека американската компанија градела на сличен начин. Зошто таму опозицијата не блокирала? Само кај нас се случува опозицијата да биде против стратешките одлуки. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против сите стратешки одлуки од национален интерес, истакна Тунџев, нагласувајќи го значењето на овој проект за економијата, безбедноста во сообраќајот и регионалниот развој.

Претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски рече дека СДСМ ќе ги продолжи политиките за развојот на полето на обновливите извори и зелената енергија.

-Во 2022 година СДСМ во државата има инсталирано нови 182 мегават производни капацитети, главно во фотоволтаици. Тоа значи снабдување на околу 67.000 домаќинства. Продолжуваме со изградба на државните проекти. Комплетна замена на ТЕЦ Осломеј со фотоволтаична централа, каде веќе се изградени 10 мегавати. Во тек е проектирањето и изградбата на останатите 110 мегавати со што ќе бидеме први во регионот кои ќе го применат европскиот зелен договор, односно замена на необновливи извори на енергија со обновливи извори на енергија, рече Мирчевски.

Со граѓаните на Желино рамо до рамо беа Никица Бачовски и Благојче Трпевски, кои се осврнаа на успешните земјоделски политики на СДСМ и на поддршката за земјоделците.

Ветивме засилена поддршка кон сите земјоделци и тоа го правиме, Имаме најголем износ на буџетот за земјоделството досега, продолжуваме со вистинска грижа за сите земјоделци, засилени инвестиции во земјоделството, што доведе до унапредување на условите, зголемување на откупните цени, рекордни цени на тутунот, истакна Бачовски, додавајќи дека времето на уценување и понижување на земјоделците заврши, кога ВМРО-ДПМНЕ се симна од власт, сега субвенциите се исплаќаат навреме и неселективно, а годинава за првпат сите земјоделци ќе добијат и 30 отсто авансна исплата, како дел од новиот модел за поддршка на оваа клучна стопанска гранка.

Во Тетово беше Ана Данева Маркова, која со граѓаните зборуваше за економските политики на Владата предводена од СДСМ, со кои минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите во март забележаа рекорден раст од 8,4 проценти, за дополнителна заштита на стандардот на граѓаните, цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати.

Треба да знаете
Последни објави