Search

По овациите на претходниот меч, вечерва свирежи за Хезоња во Белград

Кошаркарите на Реал не поминаа добро кога излегоа на загревање, а не беше поштеден ниту хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња. Иако во регуларниот дел од сезоната навивачите на Партизан го пречекаа Хрватот со овации зашто има култен статус во Белград, бидејќи уште како тинејџер кажа сака да игра за Партизан и се восхитуваше на навивачите на српскиот клуб, сега е пречекан „на нож“.

Кога излезе на загревање, го дочекаа гласни свирежи од целата сала, што најдобро кажува колку е напната атмосферата во „Штарк Арена“ .

Гостинските кошаркари пред натпреварот развиорија транспарент на кој пишуваше: „Кошарката ги обединува луѓето“, но нивната порака за мир не наиде на плодна почва. Целата сала ги пречека со свирежи.

Неколку часа пред натпреварот во Белград силите на српската војска се собраа пред салата за да и помогнат на полицијата во одржувањето на јавниот ред и мир.
Сцените пред арената ги шокираа шпанските новинари, а видеото кое го објавија набрзо стана вирален хит.

„Војската на Србија се подготвува за „војна“. Вака се подготвуваат за кошаркарскиот натпревар на нешто повеќе од три часа пред почетокот на натпреварот Партизан – Реал Мадрид“, напишаа Шпанците со видеото.

Треба да знаете
Последни објави