Search

Покачувањето на платата од 72.000 денари Пендаровски ќе гo донира

Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата. Пресметките во претседателскиот кабинет за „Макфакс“ покажуваат дека покачувањето ќе биде 72.156 денари.

Ова значи дека ако тој досега земал 93.356 денари, месецов ќе му се исплатат 165.512 денари нето, односно 254.025 бруто-плата. Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.

„Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Треба да знаете
Последни објави