Search

Перез е подготвен да го врати Роналдо во Реал, ама како амбасадор

Шпански Ел Национал лансираше сензационалната вест дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Ал Наср.

Веста немаше да биде толку чудна доколку Роналдо не пристигнa во саудискиот клуб во јануари годинава и потпиша двегодишен договор кој му ја донесе највисоката плата во историјата на фудбалот, околу 200 милиони евра годишно.

Уште поинтересен е фактот дека Португалецот би можел да се вработи во Реал Мадрид доколку го напушти Ал-Наср. Така Ел Национал тврди дека Флорентино Перез е подготвен да го врати Роналдо, но не како играч туку како амбасадор.

Перез гарантира дека Роналдо нема да остане без работа на Сантијаго Бернабеу. Но, очигледно, тоа не би било во улога на играч“, пишува шпанскиот дневен весник.

Ваквото сценарио го поткрепува и фактот што партнерката на Роналдо, Георгина Родригез наводно копнее да се врати во Мадрид, каде што се запознала со Португалецот.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ во Ал-Наср досега постигна 12 гола на исто толку првенствени натпревари, а во Реал Мадрид играше меѓу 2009 и 2018 година и во тој период постигна 451 гол на 438 натпревари.

Притоа, тој освои четири титули во Лигата на шампионите, 3 светски клупски првенства, 3 Суперкупа на УЕФА, две титули во шпанското првенство и два Копа дел Реј.

Треба да знаете
Последни објави