Search

Најдобриот руски кошаркар претепан пред ресторан во Москва

Алексеј Швед, кошаркарот на ЦСКА Москва, итно бил префрлен во болница по хулиганскиот напад што се случил пред московски ресторан, пренесува познатиот руски клуб.

Играчот кој важи за еден од најдобрите европски кошаркари бил нападнат во понеделникот вечерта, а од клубот известуваат дека се здобил со тешка повреда на главата.

-Брзата помош го однела во болница, а играчот контактирал со полиција за да го истражи инцидентот. Поради повредата, Швед нема да може да учествува на следните натпревари на тимот. Му посакуваме на Алексеј брзо закрепнување”, соопштија од клубот.

Треба да знаете
Последни објави