Search

Во Битола наскоро нови велосипедски патеки

Општина Битола е во подготовка на документација за велосипедски патеки, и доколку во предвидениот рок се завршат сите постапки, отпочнувањето на активностите на терен, се очекува оваа градежна сезона.

Од локалната самоуправа информираат дека изработен е основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централното градско подрчје и тој е одобрен од СВР Битола.

-Во моментот во тек е изработка на Проектна документација за реализација на основен проект за две улици „Васко Карангелевски“ и улица „Партизанска“, реконструкција на постоечки тротоари и обележување на велосипедски патеки, согласно одобрениот сообраќаен проект. Со предвидените активности оваа градежна сезона ќе се заврши првата фаза од проектот, додека неговата целосна реализација ќе овозможи растоварување на сообраќајот во централното градско јадро, како и непречено движење со велосипед по велосипедски патеки од периферијата до центарот, информираа од Општина Битола.

Велосипедските патеки се континуирано барање на граѓанскиот сектор, манифестацијата „Битола на точак“ и други иницијатори, вљубеници во велосипедот.

Треба да знаете
Последни објави