Search

Санчо се враќа во Борусија Дортмунд

Џејдон Санчо би можел да го напушти англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед во летниот преоден рок и да се врати во редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд. Клубот од „Олд Трафорд“ го доведе Санчо пред две години за 85 милиони евра од германскиот клуб, но тој не се наметна како голема ѕвезда во тимот на „црвените ѓаволи“.

Оваа сезона забележа 34 настапи, дел од нив како првотимец, но и како резервист од клупата. Постигна шест и асистираше за два гола и по се изгледа дека не го оправдува тоа што клубот го вложил во него.

Санчо би можел да се врати во Борусија Дортмунд, тимот за кој постигна 50 и „намести“ 64 гола на 137 натпревари од 2017 до 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави