Search

Рајковиќ со ЦСКА остана без финале во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ, кој со московска ЦСКА урна рекорд во првиот дел од сезоната со 20-те победи во низа, па ја доби вторпат по ред најградата за најдобар тренер во ВТБ-лигата, остана без финале, откако неговиот тим во мајсторката загубија од Локомотив Кубан (103:100). ЦСКА Москва не ја оправда фаворитската улога во серијата со Локомотив Кубан.

Локомотив победи по продолженија во седмиот меч од полуфиналната серија.

Швед со 22 поени бил најефикасен во редовите на ЦСКА, додека Вајт со 21 поен бил најефикасен кај Локомотив.

Мајсторка ќе се игра и во втората полуфинална серија во која, Уникс на македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ се соочува со Зенит.

Треба да знаете
Последни објави