Search

Барселона на „новиот Меси“ ќе му даде професионален договор за 16. роденден

Барселона има нов мегаталент од својата фудбалскја академија, познатата „Ла Масија“. Тоа е 15-годишниот Ламин Јамал, кој дебитираше во саботата против Бетис и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на клубот. Веќе извесно време тренира со првиот тим, Чави Ернандез е воодушевен од неговите квалитети, но и од неговиот карактер, што е подеднакво важно кога е во прашање толку голем клуб.

Јамал ​​во јули ќе наполни само 16 години, а потоа ќе потпише нов договор, негов прв професионален.

Чави потврди дека планот е Јамал ​​да остане во првиот тим и дека дури ќе биде дел од експедицијата во текот на летото.

„Јамал ​​има силен карактер, опуштен е и има голема самодоверба на теренот како да не е 15-годишник. Го сакаме во тимот, бидејќи на тренинзите гледаме што може да направи. Преговорите во врска со неговиот договорот одат во вистинска насока, сѐ е под контрола и јас сум целосно смирен“, изјави Чави.

Инаку, Лакин Јамал ​​е крилен напаѓач, одличен во игра еден на еден, а поради одличните дриблинг вештини веќе го нарекуваат „новиот Меси“.

Треба да знаете
Последни објави