Search

Промовиран новиот сингл и видео „Засекогаш“ на Кристина Арнаудова

После подолга музичка пауза во етерот е пуштен новиот сингл на Кристина Арнаудова, „Засекогаш“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжман и продукција на Роберт Билбилов.

Во исто време пуштен во етер и видео записот за песната, во режија и продукција на Александар Ристовски Принц.

Од пред 10 дена исто така, целиот снимен материјал и сите албуми на Кристина можат да се најдат, слушаат и стримуваат на сите музички дигитални платформи, а за таа намена, таа потпиша договор со Virginia Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски, која можете да ја најдете целосно на нејзиниот инстаграм профил. Со оглед на тоа што фб страницата и е хакирана минатата година и не е во нејзино владение, промоцијативните активности ги објавува само на инстаграм профилот, со надеж дека наскоро сепак ќе успее да и биде вратен.

Кристина, вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студио, бидејќи, е песна, која морала да биде отпеана, и едноставно неможела да ја одбие и да ја врати.

Како и до сега, примарна работа за Кристина, останува нејзиното хуманитарно здружение ,,Проект Среќа,, каде последниве 7 години го посветува најголемиот дел од своето време и енергија.

Треба да знаете
Последни објави