Search

Нов земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Малатија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6-ти февруари беа погодени од два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени.

Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од земјотресите, како и многу во северна Сирија.

Треба да знаете
Последни објави