Search

Времето денеска сончево, попладне појава на дожд

Во текот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со услови за дожд, а температурите ќе бидат потпросечни за почетокот на месец мај.

Времето денеска, недела 30 април, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.

В понеделник, 1 мај, ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, прогнозира УХМР

Треба да знаете
Последни објави