Search

Брејк на Мајами во Њујорк за водство во полуфиналето на Истокот

Бајката на Мајами во плејофот продолжува. Хит ги победи Никси во „Медисон Сквер Гарден“ (101:108) и поведе со 1:0 во полуфиналето на Истокот.

Гостите лошо го започна натпреварот, губеше со 11 разлика по првиот период (32:21), но полека ја топеше предноста на домаќините и оствари целосен пресврт во третата четвртина со серија од 10:0 (61:63).

Гостите ја одржуваа предноста во последната четвртина, а на пет минути до крајот се повреди Џими Батлер.

Предводникот на тимот од Флорида при влез во рекетот го искриви скочниот зглоб. Сепак, тој остана на теренот иако видно куцаше. Во тие моменти одговорноста ја презедоа Гејб Винсент и Кајл Лаури кои со своите потези го решија прашањето за победникот.

Батлер беше најефикасен поединец на Мајами со 25 поени, Винсент додаде 20, Лаури 18, а Бам Адебајо 16 поени.
Ар Џеј Берет постигна 26 коша за Никс, Џејлен Бренсон постигна 25 (0/7 за три), Оби Топин постигна 18, додека Џош Харт додаде 10.

Треба да знаете
Последни објави