Search

Запата ја врати Аталанта во трката за место во ЛШ

Аталната освои вредни три бода на гостувањето во Торино, во дуелот од 32.коло во Серија А. Екипата од Бергамо славеше со 2.1. Мечот го реши минијатурата на Дуван Запата в 88.минута.

Гостите од Бергамо поведоа со голот на Запакоста во 34. минута на асистенција на Скалвини.

Инцијативата која ја имаа играчите на Торино во второто полувреме ја материјализираа во 75.минута со голот на Санабрија. За Прагваецот ова беше 10 гол оваа сезона.

На две минути до крајот, Запата со еден потег на тревата го фрли Шурс и го совлада Милинковиќ-Савиќ. За Коломбиецот ова беше прв гол по речиси шест месечна пауза. Неверојатно звучи податокот дека голот против Торино е втор оваа сезона за Запата. Претходно погоди на 13.ноември минатата година против Лече.

Аталанта моментално е шеста на табелата, со два бода помалку од Рома и Милан.

Треба да знаете
Последни објави