Search

(Видео) Активисти си ги залепија рацете на улиците на Берлин, полицијата тешко ги отстрани

Активисти на здружението „Последна генерација“ повторно ги блокираа улиците во германскиот главен град Берлин, што предизвика големи гужви во сообраќајот.

„Повторно е динамична ситуацијата во Берлин, со многу блокади во целиот град“, објави берлинската полиција на Твитер. Околу 500 полицајци биле распоредени за да ги спречат или брзо да ги растераат активистите, соопшти полицијата.

Активистите со лепило се залепија себеси на асфалтот, а на снимките се гледа дека полицијата имала многу проблеми да ги отстрани. Кај дел од нив, полицајците морале да употребат бушилки и метални шипки за да ги одлепат.
Членовите на „Последната генерација“ на тој начин ги продолжуваат акциите најавени минатата недела, со кои сакаат да предизвикаат сообраќаен колапс во германската престолнина.

Треба да знаете
Последни објави