Search

Барса ја наполни мрежата на Бетис 

Барселона ја врати предноста од 11 бодови во однос на Реал Мадрид, откако каталонскиот гигант без многу мака со 4:0 го победи Бетис во меч од 32 коло во Примера дивисион.

Иако Бетис е тим кој се бори за излез во Европа и се очекуваше да даде силен отпор на „Камп Ноу“, тоа не се случи. Само 14 минути беа доволни за Кристенсен да погоди за водство на фаворитот од 1:0. Работата на Барселона беше дополнително олеснета откако Гонзалес доби црвен картон во 33 минута, па Бетис остана со играч помалку на теренот.

Левандовски зголеми на 2:0 во 36 минута, а само три минути подоцна веќе беше 3:0 благодарение на погодокот на Рафиња, што беше резултат по првото полувреме. во вториот дел, Барселона само рутински го доигра мечот, а во 82 минута автогол постигна Родригез.

Барселона сега има 79 бодови, пред Реал кој е втор со 68 бодови, а Атлетико Мадрид е трет со 63 бодови. Бетис остана на шестото место со 49 бодови.

Треба да знаете
Последни објави