Search

Рамо до рамо со граѓаните на Петровец и Чучер Сандево: Ги унапредуваме работничките права, минимална плата 20.175 денари, а недела е ден за одмор со семејствата

СДСМ продолжува со теренските активности „Рамо до рамо до победа”. Денеска со граѓаните на Петровец беше пратеничката Санела Шкријељ, додека Кирил Парталов беше во посета на Чучер Сандево.

Пратеничката Шкријељ пред граѓаните истакна дека СДСМ реализира политики кои ги унапредуваат работничките права и го зајакнуваат животниот стандард на граѓаните.

– Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари и денес веќе нема дискриминирани работници како во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени сектори добиваа плати под законскиот минимум. И покрај многуте противења донесовме закон со кој сега недела е неработен ден за 95 отсто од работниците, а оние работници кои работат во недела добиваат повисоки дневници. Со пензионерите донесовме нова методологија за постојан раст на пензиите и тоа два пати во годината, еднаш во март и еднаш во септември, а последното зголемување е рекордно и изнесува 8,4 отсто. Тоа е СДСМ, тоа е грижата за сите наши граѓани на дело, порача Шкријељ.

Треба да знаете
Последни објави