Search

Бохум ја сопна Борусија Дортмунд, Баерн добива нова шанса за титулата 

Борусија Дортмунд која пред една недела го освои врвот и дојде во пол-позиција за титулата, се сопна вечерва кај Бохум со ремито 1-1, после кое доминантниот германски првак Баерн Минхен има отворен пат да се врати на првото место и повторно сам да решава за нова шампионска титула.

Џабе беше цела опсада кон голот на домаќините кој грчевито се бори за опстанокот, кога „милионерите“ не умееа да дадат гол за триумф и да направат чекор поблизу до круната. Матс Хумелс во последната минута даде гол, но од офсајд, во изградбата на акцијата гостите бараа и пенал, но судијата остана нем.

А, на крај се покажа клучен примениот гол по само пет минути кога Ентони Лосила погоди во мрежата на Борусија. Залуден беше експресниот кам-бек после само две минути потоа преку Карим Адејеми, па во следните 83 минути, Дортмунд не најде начин како да дојде до втор гол и до нови три бода.

Борусија остана лидер по 30 меча со 61 бод, пред Баерн со 59 и меч на Баварците во недела на домашен терен со Херта. Прашање е дали овој меч ќе биде клучен за Борусија да ја испушти титулата, но може да излезе ако сѐ до крај Баварците победат. Бохум со бодот сега дојде до 28, три пред Штутгарт кој е прв во опасната зона на позиција за бараж, а четири од берлинска Херта.

Треба да знаете
Последни објави