Search

Бостон не дозволи изнанадување во Атланта и се пласираше во второто коло на плеј-офот

По Филаделфија, Феникс, Денвер, Њујорк и Мајами во второто коло од НБА плеј-офот се пласира и Бостон Селтикс.

Бостон ја доби пресметката во Источната конференција со 4:2 во серијата против Атланта Хокс по ноќешната победа на Селтикс на гости во Атланта (128:120).

Се испостави дека брејкот на Атланта во Бостон успеа само да го одложи неизбежното, иако овојпат одлуката падна во последните минути. Се играше речиси изедначено до последната четвртина, а потоа Бостон изгради предност од 10 поени и го доби натпреварот.

Селтикси до победата ги предводеа Џејсон Тејтум со 30 поени, 14 скока и седум асистенции и Браун, кој додаде 32 поени. На домашен терен повторно најдобар беше Треј Јанг со 30 поени, 3 скока и 10 асистенции.

Во второто коло од доигрувањето во Источната конференција Бостон ќе игра против Филаделфија, а Њујорк против Мајами.

Треба да знаете
Последни објави