Search

Рамо до рамо во Кавадарци: Ја намаливме невработеноста за 8% а со новите работни места вработеноста ја зголемивме за 10%

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со членката на ИО на СДСМ Ивона Кузмановиќ денеска беше меѓу граѓаните на општина Кавадарци.

Пред присутните, Лукаревска истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики успешно се справи со последиците од кризата, дека и во време на криза социјалдемократскиот економски модел даде резултат.

– Износот на диркетни странски инвестиции минатата година достигна рекорден износ од 753 милиони евра. Два пати повеќе во споредба со 2016 година.  Со нашите политики дома и надвор обезбедивме стабилна економска клима, сигурна за инвестирање, за раст и развој. Се отвораат и нови добро платени работни места. Не се работниците веќе евтина работна сила, трудот мора да се цени. Невработеноста успеавме да ја намалиме за 8%, додека стапката на вработеност се покачи за речиси 10%., порача Лукаревска.

СДСМ е партија на народот и постојано е меѓу граѓаните.  Со теренската активност “Рамо до рамо до победа” СДСМ посетува 946 населени места. Разговараме со граѓаните за се што е важно, ги слушаме но и даваме отчет за сработеното досега, а говориме и за она што следува во иднината .

Треба да знаете
Последни објави