Search

Драмата во Судски совет задава нокаут на веќе паднатото на колена судство, вели Јошевска Анастасовска

Адвокатката Јошевска Анастасовска пишува на својот фејсбук профил дека ако претседателка на вакво тело може да се разреши како претседателка на куќен совет, судиите треба да се запрашаат дали овој состав теба да одлучува за негова одговорност и како бил заштитен тој судија.

Драмата во Судски совет задава нокаут на веќе паднатото на колена судство. Ако претседателка на ова тело може да се разреши како да е претседателка на куќен совет, надвор од секоја процедура, со насилие и пуч во телото, секој судија треба да се запраша дали овој состав треба да одлучува за негова одговорност и напредување во кариерата. И како би бил заштитен тој судија??? Уште веднаш треба со изјава да излезат сите претседатели на првостепени и апелациони судови, Врховниот суд, Управниот суд, Вишиот управен суд и Здружението на судии со реакции за денешниот скандал.”Борбата продолжува, ќе биде уште полошо”- рече Дамева на заминување. Колку полошо може од ова?!, реагира адвокатката.

Универзитетската професорка, Мирјана Начевска пак е кратка и прецизна, поголема банда од судиите членови на Судскиот совет нема.

-Тоа се партиски војници назначени на овие функции единствено со цел да го штитат криминалот на партиските челници. Дајте бре луѓе да се тргнат сите судии и јавни обвинители, а прво овие од советот, пишува Најчевска.

Членовите кои бараа разрешување на Дамева тврдеа дека таа го криела писмото што го испрати амбасадорката Анџела Агелер до судските и извршните власти, правела раздор и се однесувала како институцијата да е нејзина, додека Дамева тврдекаше дека тоа е поради сензитивни точки поврзани со одговорност на судии кои требало да ги стави на дневен ред и за разрешување на судии.

Треба да знаете
Последни објави