Search

Васко Ковачевски сепак не заминува за амбасадор во Париз?

Во медиумите деновиве се прошири информација за нови амбасадорски емста, меѓу кои се појави и името на екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој наводно требаше да биде новиот амбасадор во Франција.

Сепак, како што дознава нашата редакција станува збор за обична шпекулација.

Како што информираат извори од Владата, не е точно дека Ковачевски ќе биде новиот амбасадор во Париз, туку дека станува збор за шпекулација веројатно пласирана од медиуми блиски до опозицијата, со цел, како што не информираа, да се попречи процесот за именување на нови амбасадори во неколку важни и пријателски држави.

Што на крајот ќе биде конечна одлука, Владата навремено ќе информира, брифираат извори од Илинденска.

Треба да знаете
Последни објави