Search

Пациентите ќе излезат на протест ако не им се одговори кога ќе биде набавен лекот „трикафта“

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на 3 мај во 12 часот пред Министерството за финансии ако не добијат одговор од надлежните институции до каде е процесот со набавката на „трикафта“. Ова го најави претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Гаспар посочи дека во неделата пред велигденските празници пуштиле допис до сите институции за да им одговорат до каде е случајот со набавката на лекот „трикафта“.

„Сè уште немаме одговор иако, неофицијално, преку одредени луѓе слушаме дека работата се движи и дека имаат иницијатива и дека работат на целата проблематика. Но, проблемот е што ние сè уште немаме добиено допис“, истакна тој.

Тој додаде и дека уште 18 пациенти треба да добијат лек, а во моментот „трикафта“ примаат 12 лица.

Претходно, се одржаа протести, на кои стотици граѓани им оддадоа поддршка на пациентите со цистична фиброза и заедно побараа Владата да побрза и да им го набави лекот што им е потребен.

Треба да знаете
Последни објави