Search

Нов трипл-дабл на Јокиќ во победата над Минесота, Феникс ги исфрли Клиперси, Јанг со тројка во последните секунди го порази Бостон

По Филаделфија, во второто коло од НБА плеј-офот се пласираа уште две екипи – Денвер Нагетс, најдобриот тим во Западната конференција, ноќеска ја извојуваа четвртата победа (112:109) против Минесота Тимбервулвс и славеа со со вкупно 4:1 во серијата.

Повторно брилјираше Никола Јокиќ со трипл-дабл (28 поени, 17 скокови и 12 асистенции), но за него некарктеристично катастрофален шут 8-29, додека Џамал ​​Мареј додаде 35 поени, четири скока и пет асистенции. Најдобар кај поразените повторно беше Ентони Едвардс со 29 поени, 8 скока и 7 асистенции

Ивица Зубац со својот ЛА Клиперс се простија од плеј-офот. Феникс Санс победија со 136:130 и исто така славеа со во серијата со 4:1. Хрватскиот кошаркар одигра многу добар натпревар, оствари нов дабл-дабл (16 поени, 10 скока и две асистенции), но тимот од Лос Анџелес пак беше тврд орев и загуби во финишот. Тимот од Лос Анџелес и ноќеска настапи без својата најголема, повредена ѕвезда Каваи Ленард.
Санс ги предводеше Девин Букер со дури 47 поени, осум скока и 10 асистенции, а Кевин Дурент постигна 31 поен, шест скока и четири асистенции.
Денвер и Феникс ќе играат еден против друг во полуфиналето на Запаадот.

Бостон Селтикс беа големи фаворити против Атланта во четвртиот натпревар на домашен терен, но сензација направи Треј Јанг со вкупно 38 поени и тројка на 2,8 секунди до крајот за тесна победа на гостите од 119:117. Во луда завршница Хокс успеаја да победат и да го намалат водството на Бостон на 3:2, а серијата сега се пресели во Атланта и повторно се е отворено.

Треба да знаете
Последни објави