Search

За да увезуваме гас од Александрополис, ЕСМ ќе отвори компании во Бугарија и Грција

Владата ја усвои и Информацијата за статус на проектот за ЗАКУП НА ЛНГ ТЕРМИНАЛ во Александрополис, Грција.

Задолжено е АД ЕСМ, меѓу заклучоците, да регистрира правни ентитети во Грција и Бугарија потребни за оперативни активности поврзани со набавка, дистрибуција и трговија со гас. Исто така, задолжено е АД ЕСМ да врши транспорт на природен гас преку интерконекторот со Република Бугарија, се додека интерконекторот со Грција се изгради.

На почетокот на денешната седница, новоименуваниот Државен правобранител на Република Северна Македонија, Агрон Речи, пред премиерот и пред министрите во Владата, даде заклетва дека ќе работи совесно, чесно и одговорно, согласно Уставот и законите.

Треба да знаете
Последни објави